Фудбал
Шок за Реал Мадрид, пораз во лош момент (ВИДЕО)
Реал Мадрид доживеа пораз на првиот првенствен меч во 2023-та година. На гостувањето кај Виљареал, тимот на Карло Анчелоти доживеа пораз од 2:1. Поразот доаѓа во лош момент, ако се знае дека на чело на табелата се во „мртва“ трка со Барселона, која има исто број бодови, но натпревар помалку.
Во 47-та минута Пино донесе предност на Виљареал од 1:0, Бензема во 60-та минута израмни на 1:1, но три минути подоцна Морено од пенал погодува за 2:1 што се покажа како конечен резултат.
Standings provided by Sofascore