Connect with us

Фудбал

Шок за српскиот репрезентативец: Крадци му ја опустошиле куќата додека бил со репрезентацијата

Српскиот репрезентативец и голман на француски Ремс, Предраг Рајковиќ (26) имаше уште една турбулентна ноќ.

По враќањето од репрезентативните акции имал што да види во куќата. Имено, по втор пат е ограбена куќата на Рајковиќ, а овој пат разбојниците отишле до крај.

Од куќата е одземено се, од облека, накит, па дури и мебел.

Пред две години исто така се случил грабеж во куќата на српски репрезентативец, а разбојниците украле 100.000 евра и малку накит.

Француската полиција веднаш работи на истрагата, додека Рајковиќ и неговото семејство се во шок.

Ќе видиме дали тоа ќе има последици за голманот на Ремс, кој најверојатно треба да биде дел од српската репрезентација која на крајот на оваа година ќе патува на Светското првенство во Катар.

Рајковиќ забележа 27 настапи за српската репрезентација, а пред Ремс бранеше блескаво во дресот на Макаби Тел Авив, додека во Србија го носеше дресот на Јагодина и Црвена звезда.