Connect with us

Фудбал

Шокантен пораз од Јапонија, или нешто друго, Енрике тврди не „местеле“, но малкумина му веруваат

Селекторот на шпанската репрезентација Луис Енрике тврди дека е разочаран што неговиот тим не го освои првото место во групата Е.

Шпанија доживеа шокантен пораз од Јапонија и со тоа сосема неочекувано го зазеде второто место во групата.

На Германија покрај победата над Костарика и требаше добар резултат од Шпанија. Тие го направија своето, но Шпанците загубија од Јапонија.

Многумина со право се сомневаат дека Шпанија сериозно калкулираше на овој меч.

Тие го избраа „лесниот“ пат во нокаут фазата од натпреварувањето. Го избегнаа вицешампионот Хрватска во осминафиналето и најважно моќниот Бразил во четвртфиналето.

Затоа многумина со право се сомневаат во зборовите на тренерот Енрике кој тврди дека сакал неговиот тим да го освои првото место во групата.

„Имаше паника. Јапонија постигна два гола, а можеше да постигне уште два. Кога тим како Јапонија нема што да загуби, тие само летаат покрај вас како авиони. Јапонија заслужено заврши прва. Ова ми пречи, бидејќи сакавме лидерска позиција“, изјави Енрике по мечот.

Шпанецот тврди дека гледале на резултатот од натпреварот помеѓу Германија и Костарика.

“Не го знаев резултатот од вториот натпревар. Не знаев до крајот. Ако дознаев дека сме елиминирани, веројатно ќе имав срцев удар. Немаме причина да славиме, иако квалификувани“, вели Енрике.

Шпанија во осминафиналето ќе игра против Мароко.