Connect with us

Тајмаут

Шокантна приказна за Шумахер: Сеуште во инвалидска количка, но се чувствува сè и честопати плаче

Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер (49) доживеа сериозна скијачка несреќа во Франција во 2013 година.

Германецот доби сериозни повреди на главата во несреќа и поминал неколку месеци во кома, а има многу малку информации за неговото здравје.

Само ретко избрани пријатели и членови на семејството имаат можност да го посетат Михаел, а најновите информации што доаѓаат од близок член на семејството се навистина потресни.

Во разговор со списанието Париз Меч , еден член на семејството на Шумахер ја откри моменталната ситуација во која е легендарниот возач.

Наводно, тој се чувствува добро, но сеуште е во инвалидска количка. Сепак, тој е свесен и многу емотивен и често плаче.

“Кога го доведуваат до прозорецот во инвалидска количка и кога ја гледа прекрасната природна панорама што го опкружува, Михаел често плаче”, изјави анонимен роднина на семејството на Шумахер.

Шумахер со остатокот од неговото семејство во моментов живее во Швајцарија во градот Гленд што гледа во Женевското Езеро и покрај најавите за преселување во Мајорка, тоа на крајот нема да се случи.