Connect with us

Фудбал

Шокантна трансфер листа на Камп Ноу

Екипата на Барселона игра сезона за заборав.

Каталонскиот великан е далеку од врвот во Ла Лига, се прости од настапот во Лигата на шампионите, а моментално ниту Чави Ернандез не им носи многу среќа на навивачите на тимот од Камп Ноу.

Во клубот во наредните месеци се очекуваат бројни промени. Најавени се неколку важни заминувања, а тимот би можеле да го напуштат и некои од носителите на играта.

Според познатиот новинар Жерар Ромеро, Барселона одлучила да стави три големи ѕвезди на трансфер листата за јануари.

Станува збор за голманот Марк-Андре тер Штеген, Сергино Дест и Френки де Јонг, а тимот наводно е подготвен да ги продаде поради нивната финансиска состојба.

Нивното заминување секако дополнително би го ослабело и онака скромниот состав на каталонскиот великан, но финансиите се огромни проблеми и едноставно нешто треба да се направи во наредниот период.

Да потсетиме, долгот на каталонскиот гигант е повеќе од милијарда евра и мора да се изврши одредена продажба.