Connect with us

Кошарка

Шокантно тврдење: Пилотот не е виновен за несреќата, Коби Брајант и другите знаеле за ризиците!

Берг Забојан, братот на пилотот на хеликоптерот, со кој се возеа, а по чие уривање загибаа девет лица, вклучувајќи ја и НБА легендата Коби Брајант, изјавил дека патниците погрешиле и биле невнимателни, се наведува наводно во објавени судски документи.

Во документот на адвокатите на пилотот се вели дека нивниот клиент во било какви повреди или штети предизвикани директно, делумно со невниманието на нивниот клиент.

Во документот кој е одговор на тужбата од сопругата на Коби БРајант, Ванеса, стои дека патниците знаеле за сите ризици, пренесува Си-Ен-Ен.

-Тоа невнимание беше значаен фактот во нанесувањето на нивната претпоставена штета, за која овој обвинет не сноси никаква одговорност, стои во одговорот.

Адвокатите велат дека обвинетиот не го контролирал, ниту имал право да го контролира нивното невнимание, грешки или погрешното однесување.

Адвокатот на Ванеса тужбата ја поднесе на 24 февруари, но се уште нема датум за судење.