Connect with us

Фудбал

Шпанија преку пресврт против Франција до големото финале, Јамал влезе во историјата

Шпанија се пласираше во големото финале на ЕУРО 2024 откако преку пресврт ја совлада Франција. Французите поведоа во 9-та минута преку Коло Муани, а потоа во 21-та со фантастичен гол израмни Јамал. Само четири минути подоцна Олмо погоди за пресврт што се по

Шпанскиот играч за врска Ламин Јамал стана најмладиот голгетер во историјата на Европските и на Светските фудбалски првенства.

На вечерашниот натпревар против Франција во полуфиналето на Евро 2024 година Јамал во 21. минута го израмни резултатот на 1:1.

Шеснаесетгодишниот играч од средниот ред го собори рекордот на Пеле, кој на 17 години постигна гол за Бразил на Светско првенство.

Претходно Јамал стана најмладиот играч во историјата на полуфиналето на големите турнири, соборувајќи го и рекордот на Бразилецот.

На полувреме Шпанија води со 2:1, иако Французите први дојдоа во водство.