Фудбал
Шпанска „Марка“ тврди: Меси не продолжува со ПСЖ, доста му се трофеи, сака дома!
Сагата за новиот договор на Лионел Меси продолжува! Неговата соработка со Пари Сен Жермен истекува на лето, а тој се уште официјално нема потпишано продолжување на соработката со „светците“.
Се чинеше дека е подготвен да го продолжи договорот со тимот од Франција на уште две години и на тој начин да им биде достапен на парижаните до 37 години, но сега „Марка“ пренесува дека од тоа нема ништо! Во 2021 година пристигна во ПСЖ од Барселона, а сега, според шпанските медиуми, сака да се врати на Ноу Камп.
Шпанскиот новинар Жерар Морено тврди дека ништо не е финализирано во врска со продолжувањето на соработката и дека за тоа што Меси се предомислил и сака да се врати во Барселона е одговорна победата на Меси на Светското првенство во Катар. Очигледно освои се што сака во кариерата и сега веќе не му се важни трофеите, туку сака да се врати на местото каде што се чувствува најудобно, а тоа секако е Барселона.
Не го интересираат титулите во Франција, а очигледно веќе не му е толку важна Лигата на шампионите, а по титулата во Катар апетитите му се многу помали. Според Ромеро, на Меси сега му се важни „некои други работи“, но останува да се види што ќе одлучи на крајот.
Можеби ќе го направи потегот што сите го чекаат во родното Росарио и, како што неколку пати изјави, кариерата ќе ја заврши играјќи за Њуелс Олд Бојс, тимот во кој израсна, а од кој замина во Барселона како 14-годишник.