Connect with us

Фудбал

Шпански Спорт тврди: Ова е понудата на Барселона за Лионел Меси!

Се поизвесно е дека Лионел Меси од следната сезона нема да го носи дресот на ПСЖ. Не е задоволен од престојот во Париз, а како што стојат работите не го сакаат ниту навивачите на францускиот тим.

Меси има две опции, засега. Едната е за голема сума на пари (се спомнува 450 милиони евра) да оди по стапките на Кристијано Роналдо и да заигра во Саудиска Арабија, но во дресот на Ал Хилал, а другата е да се врати во Барселона.

Шпански Спорт тврди дека имал увид во понудата на Каталонците која му ја испратиле на Меси. Барселона е подготвена да му понуди двегодишна соработка, со тоа што Меси по една сезона може да одлучи да си замине. Дополнително, ќе добие вкупно 25 милиони евра.