Connect with us

Ракомет

Шпанскиот вицешампион ги порази „фармацевтите“ од Битола

Бидасоа Ирун славеше над Еурофарм рабоник со 26:25 во рамките на третото коло од група „Ц“ во ракометната Лига на шампиони.

Битолчани во најголем дел од натпреварот беа во водство, првото полувреме го завршија со предност од три голови (11:14), во 42-та минута од натпреварот имаа предност и од 5 голови (11:16), но сепак домашниот тим со пресврт, тесно победи со 26:25.

Битолската спортска јавност ги почна подготовките за претстојниот дерби натпревар од ракометната СЕХА лига меѓу водечките Еурофарм Работник и унгарскиот шампион Веспрем кој ќе се игра оваа среда на 2 октомври во Битола.