Connect with us

Фудбал

Шпанските медиуми ги открија деталите: Што му порачаа судиите на Меси за фантомскиот гол кој не го видоа

Лионел Меси беше прилично нервозен по крајот на дерби мечот со Валенсија кој завррши 1:1, а повод за тоа секако беше катастрофалниот превид на судиите кога при резултат 0:0 не видоа дека топката влезе една педа во голот по еден негов удар од работ на шеснаесетникот.

Аргентинецот во неколку наврати се објаснуваше со Вилануева и неговиот прв помошник и со гестикулации се обидуваше да им објасни колку голема грешка направија, а сега шпанските медиуми ги доловија и зборовите со кои шпанските судии се обидоа да се оправдаат пред капитенот на Барселона по последниот свиреж на мечот.

При заминувањето кон соблекувалните, Меси бараше ново објаснување од судиите за тоа што се случи во првото полувреме, а искрен одговор доби од Рамос Фереирос кој во дадената ситуација најмногу погреши поради тоа што не беше во линија со случувањата во шеснаесетникот.

– Многу е тешко, тешко е да се види и процени, – му порача Фереирос на Меси, а откако Аргентинецот ги обвини судиите за конечниот резултат и ремито на Барса, Вилануева го надополни својот колега.