Connect with us

Фудбал

Шпанските медиуми открија, Јамал не е презимето на сензацијата на ЕУРО 2024

Младиот шпански репрезентативец Ламине Јамал во недела би можел да стане шампион на Европа, а тамошните медиуми открија неколку интересни факти за него. Тие истакнуваат Шпанија го обезбедила во септември минатата година бидејќи поради потеклото на неговите родители може да игра за Мароко и Екваторијална Гвинеја.

Неговиот татко Мунир потекнува од Мароко, додека неговата мајка Шејла  е од Екваторијална Гвинеја. И покрај тоа, за него Шпанија беше прв избор бидејќи е роден во таа земја, а секако во одлуката помага и квалитетот на репрезентацијата и поголемите шанси за успех на големите натпреварувања.

Според Мундо Депортиво, на неговиот дрес пишува Ламине Јамал, па многумина веруваат дека Јамал е презимето на овој 16-годишник, но тоа не е така. Според нивните информации, тоа е неговото второ име, а не презимето. Неговото презиме е всушност Насрауи, како и презимето на татко му, додека во официјалните документи го носи и презимето Еибана, кое и припаѓа на неговата мајка.