Фудбал
Шпанските медиуми открија каква тактика има Куман за објавување на Твитер
Барселона синоќа го победи Динамо Киев на гости со 4:0 во мечот од четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Со оваа победа на две кола пред крајот, Барселона веќе обезбеди пласман во осминафиналето од ова натпреварување, иако тие навистина не блескаат оваа сезона. Каталонците играа без повеќето првотимци, но сепак успеаја да победат.
Но, она што го привлече вниманието на шпанската јавност е Роналд Куман и неговиот „ангажман“ на социјалните мрежи.
Тие сфатија дека Куман објавува на Твитер само кога Барселона победува, бидејќи тој не сака да страда од лоши коментари кога ќе загубат. Така беше и денес затоа што Куман гордо проговори по победата во Киев
„Добра победа вчера за место во нокаут фазата во Лигата на шампионите како награда за сето тоа“, напиша Куман на Твитер.
A good win yesterday with qualification for the @ChampionsLeague knockout phase as our reward ?? #ForçaBarça pic.twitter.com/6bxG9EUsSj
— Ronald Koeman (@RonaldKoeman) November 25, 2020