Connect with us

Ракомет

Штербик од следната сезона во Веспрем

Голманот на РК Вардар, Арпад Штербик од следната сезона ќе го носи дресот на унгарскиот рекометен шампион Веспрем, соопшти тимот преку нивниот веб сајт.

Штербик потпишал договор со Веспрем на две години од 1 јули 2018 година.

– Имав неколку понуди, но не можев да го одбијам повикот на Веспрем. Во текот на мојата кариера во животот, секогаш се борев за највисоките цели. Телеком Веспрем е еден од најдобрите европски тимови со години, па затоа немав дилеми каде да ја продолжам кариерата, изјави 38-годишниот Штербик.