Connect with us

Фудбал

Штета, без големиот борец Аријан Адеми против Романија

Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми нема да може да настапи на дуелот со Романија, прв меч од квалификациите за пласман на Светското првенство. Тој се повреди на мечот со Тотенхем во ЛЕ, има мала повреда, но доволна за да не може да настапи. Сигурно нема да игра против Романија во четврток, а останува под знак прашалник и за пресметката со Лихтенштајн во Скопје во недела.

Селекторот Ангеловски не може да смета ниту на повредениот Тричковски, како и на Зајков и Костадинов кои имаат Ковид 19. Како што е познато дополнителен повик за овие дуели добија Агим Ибраими и Стефан Ашковски.