Фудбал
Што беше причината за Клоп да го „избрка“ Жељко Бувач после 17 години
Ливерпул неколку часа пред реванш натпреварот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Рома соопшти дека Жељко Бувач повеќе нема да биде во стручниот штаб на клубот од Енфилд.
Јирген Клоп и Жељко Бувач соработуваа 17 години, но нивниот однос на изненадување на многумина беше прекинат пред самиот крајот на оваа сезона. Бавач го напушти Ливерпул минатата недела и јасно е дека нема да се врати, а неговиот договор ќе биде прекинат кога официјално ќе заврши сезоната.
Многумина се обиделе да дознаат што се случило меѓу двајца големи пријатели, и зошто Клоп му кажал на Бувач дека е подобро веднаш да го напушти клубот. После тоа, имаше многу шпекулации дека Бувач ќе ја продолжи својата кариера независно и дека има понуди од Арсенал и Борусија Дортмунд.
Германските медиуми утрово објавија дека конечно е познато зошто Клоп и Бувач се скарале. Наводно, Клоп сосема случајно дозна дека Бувач планира да го напушти Ливерпул и има намера да ја преземе клупата на Арсенал.
На тренерот на Ливерпул му засметало тоа што еден од неговите најдобри пријатели молчеше за сето ова и дека скрил од него дека бил во контакт со Арсенал. Клоп веднаш реагираше и го отстрани Бувач од стручниот штаб, и според многу информации, одлучи да стави крај на пријателството со својот долгогодишен партнер.