Connect with us

Фудбал

„Што е важно дали е жена?! Сарина Вигман ќе го наследи Герет Саутгејт како селектор на англиската репрезентација

Нешто ново во фудбалот – Англија наскоро ќе промовира нов селектор, а Герет Саутгејт речиси сигурно ќе го наследи Сарина Вигман – жената која ги предводеше Англичанките до трофејот на ЕП минатата година, а сега и до финалето на Светското првенство.

Дека не се медиумски шпекулации покажуваат зборовите на претседателот на Фудбалската асоцијација на Англија: “Сарина Вигман многу веројатно ќе го замени Герет Саутгејт како селектор на англиската репрезентација. Среќeн сум поради неа и што ѝ оди многу добро. Сарина е најдобрата личност за наследник на Саутгејт. Што е важно што е жена? ако таа е најдобар кандидат“, рече првиот човек на фудбалскиот сојуз на оваа земја Марк Билингем.