Connect with us

Фудбал

Што? Глупав си?! Винисиус му се налути на новинарот – цел меч трпеше расистички навреди, а тој испадна виновникот! (ВИДЕО)

Еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, Винисиус повторно се најде на мета на расисти во Шпанија. Додека Валенсија на „Местаља“ славеше минимално со 1:0 со што може да биде клучно за опстанокот во Примера оваа сезона, Винисиус беше во конфликт со навивачи кои го навредуваа на расна основа. Самиот реагираше со провокации, но судијата не реагираше додека се жалеше, кај него кулминираше нервозата и на крајот доби црвен картон.

Веднаш започна приказната за неговото потенцијално заминување од Шпанија поради расисти, додека новинарите кои само ја влошија атмосферата по натпреварот не придонесоа за подобрување на ситуацијата. И само поради едно прашање Винисиус стана побесен од кога и да е откако го облече дресот на Реал Мадрид.


„Дали си глуп?! Дали си глуп?“ – повтори Винисиус додека портпаролот на Реал Мадрид го смируваше и му кажа дека не може да кажува такви работи на новинарите, а сето тоа се случи откако беше испровоциран од прашањето: „Дали ќе им се извини на навивачите?“.

Да потсетиме, Винисиус цело време покажуваше со прст кон еден навивач, за кој бараше да биде избркан од стадионот. На семафорот се појави реченица со која се осудува секаков вид навреда, што не помогна, ниту пак реакцијата на капитенот на „лилјаците“ Хозе Гаја кој тргна на трибините да ги смири навивачите. Ништо не помогна, а на крајот Винисиус бесно го нападна Уго Дуро и го фати за врат, за што доби црвен картон. Интересно, судијата му се извини на Винисиус за расистичките навреди, но не го прекина натпреварот, а тоа е проблем кој систематски не е решен.