Ватрени ги разочара навивачите со своите игри на претходните два натпревари затоа што успеаја да освојат само еден бод, а го загрозија и пласманот во нокаут фазата од ова натпреварување.
Хрватска беше поразена од Англија во првото коло со 1:0, додека пред неколку дена ремизираше против Чешка играјќи 1:1. Сега е јасно дека во последното коло Хрватите мора да победат ако сакаат да одат понатаму.
Пред натпреварите од последното коло од групната фаза, имаше и теоретски шанси Хрватска да се пласира понатаму како најдобра третопласирана репрезентација, и тоа само доколку има два бода.
Во тој случај, ремито одговараше на тимот на Далиќ против Шкотска, но само доколку Швајцарија и Турција ремизираа, а Словачка ја победи Шпанија, а Шведска ја победи Полска.
Сепак, првиот ден сето тоа падна во вода затоа што денес Швајцарците ги победија Турците со 3:1 и имаат големи шанси да бидат една од најдобрите третопласирани екипи.
Сега е јасно дека на Хрватска во вторникот на „Хампден парк“ во Глазгов против Шкотска и треба само победа за пласман во осминафиналето на Евро.
Со победата на табелата на најдобрите третопласирани селекции, Хрватите сигурно ќе беа пред Швајцарија поради подобрата гол-разлика.
Сè освен победата на Ватрени би значело дека нема да ја гледаме Хрватска во нокаут-фазата на ЕП, што навистина би било сензација откако тие беа светски вицешампиони пред три години.
За потсетување, натпреварот помеѓу Шкотска и Хрватска се игра во вторник од 21 часот.