Connect with us

Фудбал

Што ќе прави Зидан, без дефанзивци против Челзи?!

Информациите од Шпанија велат дека Рафаел Варан и дефинитивно нема да биде во комбинација за реваншот против Челзи кој се игра во среда. Тој на последниот првенствен меч заработи повреда поради која ќе мора да паузира неколку дена.

Ова е голем проблем за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ако се знае дека и Серхио Рамос долго беше повреден и не играше. Капитенот ја залечил повредата, но нема настапи, па како ќе комбинира Зидан за мечот во среда станува да се види.

Првиот меч заврши без победник 1:1, резултат поради кој Челзи е во мала предност.