Фудбал
Што му рекол Роналдо на Пјаниќ кога го договорил трансферот во Барселона?
Кристијано Роналдо долго време го носеше дресот на Реал Мадрид, а секако негов најголем противник беа Лионел Меси и Барселона. Португалецот во последните две сезони е дел од Јувентус, а неговиот соиграч од Торино Миралем Пјаниќ сезонава се пресели во Барселона.
Во интервју за шпанските медиуми Босанецот откри што му кажал Роналдо кога трансферот беше договорен.
-Кога трансферот беше завршен ми кажа дека е среќен поради мене и дека во Шпанија ќе бидам среќен и задоволен. Беше разочаран поради моето заминување, но ми рече дека верува дека добро ќе се забавувам во тим каков што е Барселона, вели Пјаниќ.
Пјаниќ пред неколку месеци го договори трансферот, а во Торино како дел од оваа зделка допатува Артур Мело.