Connect with us

Тајмаут

Што се случило? Ибрахимовиќ загуби 21 милион евра

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ одлучи да стартува модна линија „A-Z“, но работите не одат баш најдобро во тој бизнис.

По стапките на многу колеги спортисти Ибрахимовиќ одлучи да стартува своја модна линија која ја нарече „A-Z“. Швеѓанецот вложи многу пари во промоција на овој бренд, но работите не одеа онака како што се надеваше.

Како што пишуваат американските медиуми, Ибрахимовиќ одлучил да престане со производството, па наскоро ја затвори својата модна линија. Ибра оваа одлука ја донесе откако изгуби 21 милион евра како влог во овој бизнис.

Во разговор со своите советници донесе одлука дека најдобро е „A-Z“ повеќе да не биде активен затоа што сватил дека тоа е „фрлање“ пари. Сепак, најави дека ќе има нови инвестиции во иднина и дека се надева дека ќе биде барем малку поуспешен од ова.