Connect with us

Фудбал

Што се случило? Пропадна трансферот на Мегваер, со својот потег дополнително ги налути навивачите на Манчестер Јунајтед!

Хари Мегваер се уште не го напуштил Манчестер Јунајтед и постојат сите шанси преговорите за негово заминување да се пролонгираат. Според последните информации, Вест Хем се откажал и се повлекол од трката за неговиот потпис, бидејќи не сакале повеќе да ја чекаат тензијата меѓу Мегваер и Манчестер Јунајтед.

Наводно, Мегваер очекувал да му биде исплатен дел од платата, односно најмалку седум милиони фунти, бидејќи се согласил да игра за помала плата во Вест Хем. Манчестер Јунајтед ја прифати понудата од 30 милиони фунти, но не и да му плати на Мегваер, за што ни најмалку не е обврзан. Не треба да заборавиме дека Јунајтед му плати на Мегваер околу 90 милиони евра и дека тој е најскапо платениот дефанзивец во историјата на фудбалот и дека тоа никако не го оправда.

Сега требаше да го продаде за три пати помалку пари, но Мегваер реши да побара дел од платата од актуелната сезона, поради што Вест Хем се повлече и понудата повеќе не важи. Се на се, Мегваер со своите потези дополнително ќе ги налути навивачите, бидејќи доби добра понуда од Вест Хем, можеше да замине за пристојна отштета, но реши да ги прекине преговорите додека не ги добие парите од Манчестер Јунајтед. Редок потег, но Мегваер реши да го повлече и сега го чекаме расплетот на ситуацијата