Connect with us

Други спортови

Што се случува со Ѓоковиќ?! Пораз и елиминација во четвртфиналето во Рим

Новак Ѓоковиќ беше непрепознатлив во Рим. Српскиот тенисер доживеа елиминација во четвртфиналето на турнирот каде ја бранеше титулата. Подобар од него беше помладиот Холгер Руне, кој победи со 6:2, 4:6, 6:2.

Данецот го доби вториот последователен меч против Србинот, откако претходно го доби финалето на Мастерсот во Париз. Ѓоковиќ на овој меч не личеше на себе, па така натпреварувањето на турнирот на кој ја бранеше титулата заврши порано отколку што се надеваше. Сега се подготвува за Ролан Гарос.