Фудбал
Што се случува со Ливерпул, ваква „црна серија“ немал од 2014-та година!
Со поразот од Лестер од 3:1 Ливерпул покажа дека е во криза. Врза три порази во низа, црн рекорд кој последен пат го забележал во 2014-та година. Претходно Ливерпул загуби од Манчестер Сити (1:4) и Брајтон (0:1).
По 24 натпревари Ливерпул има 40 бода и се наоѓа на 4. место, додека Лестер со 46 бода од 24 натпревари е на втората позиција.