Connect with us

Фудбал

Што се случува со Рамос во ПСЖ?

Серхио Рамос нема идеален старт за ПСЖ откако се приклучи на францускиот клуб од Реал Мадрид ова лето.

Медицинските тестови извршени во јули не открија никакви проблеми, но оттогаш има проблеми што го спречија да дебитира за ПСЖ.

Францускиот клуб објави дека Рамос ќе дебитира по репрезентативната пауза, но неодамна изјави дека се уште се опоравува и нема конкретен датум за негово враќање.

Рамос нема одиграно официјален натпревар од 5 мај, кога Реал Мадрид загуби од Челзи во реваншот од полуфиналето во Лигата на шампионите и не играше 200 дена.

Тој нема да биде подготвен за натпреварот со Клермон во Лига 1 и е под знак прашалник за првиот натпревар од Лигата на шампионите на гостувањето против Клуб Бриж следната недела.