Connect with us

Фудбал

Што се случува со Вардар, фудбалерите велат без пари нема тренинзи!

Се чини дека работите во ФК Вардар се далеку од добри. Како што пишува Вардар фанс, плати нема, а фудбарите порачале без пари нема ниту тренинзи.

Еве што пишува Фардар Фанс.

И како навивачите на Вардар и фудбалерите да веруваат во овие зборови од газда Слободан , после сите лаги и измами кои им ги сервираа во минатото со нови газди од Катар од Турција и да не ги редиме понатаму, оти глава почнува да боли..  10-ти јануари и наводната официјализација или што и да било планирано со новите сопственици не се случи, еве помина и осмиот ден од таа информација, а останува се исто, само приказни и ветување со зборовите почекајте… Ајде навивачите на клубот ќе почекаат, но секако дека фудбалерите еден по еден ќе почнуваат да си бараат чаре.