Connect with us

Фудбал

Што се случува во Торино: Дали Јуве создава „брутален“ тими?

Јувентус, како што стојат работите, реши да направи тим од соништата и да ја покори Европа.

Трансферот на Кристијано Роналдо е веќе извесен. Јуве има уште многу планови, а напаѓачкиот дел од тимот би можел да биде уште посилен во наредната сезона.

Нов член на „Старата дама“ би можел да биде и фантастичниот Уругваец Едисон Кавани. Одличниот фудбалер на ПСЖ му порачал на раководството на тимот дека сака да си замине, а тие би можеле да му ја исполнат желбата.

„Бјанконерите“ се подготвени да реагираат и да го доведат во своите редови, но ќе имаат голема конкуренција од Наполи, клуб за кој Кавани веќе има играно.

Претходно Кавани тврдеше дека Наполи е единствениот тим за кој би играл во Италија, но фактот дека би можел да игра со Кристијано Роналдо во Јувентус, би можело да го промени неговото мислење.

Ако дојде во Торино, Јувентус напаѓачки би изгледал спектакуларно и тешко дека некој би можел да ги запре.