Connect with us

Фудбал

„Што требаше да направам? Да го пуштам Мбапе и да се надевам дека судијата ќе досуди офсајд?“

Репрезентацијата на Шпанија беше поразена синоќа во финалето на Лигата на нации од Франција со 2:1.

Гледавме фантастично второ полувреме на „Сан Сиро“, и на крајот, „триколорите“ успеаја да стигнат до победа и трофеј во Лигата на нации.

Сепак, многумина веруваат дека вториот гол на Франција во 80. минута мораше да биде поништен, бидејќи беше јасно дека Килијан Мбапе беше во офсајд.

Но, сите беа шокирани кога Ентони Тејлор од ВАР -собата доби порака дека голот е регуларен, а објаснувањето беше бизарно. При додавање кон Мбапе, шпанскиот дефанзивец Ерик Гарсија се обиде да ја исфрли топката, но не успеа и судиите сметаа дека ова е почеток на нова акција и дека не е офсајд.

Сепак, Гарсија речиси не го смени правецот на топката и навистина не е јасно како судиите дошле до одлука дека тоа не е офсајд.

По натпреварот, Гарсија излезе и јасно стави до знаење дека Мбапе е во офсајд и дека овој гол мора да се поништи и дека не му е јасно што треба да направи во таа ситуација како последен играч во одбраната.

„Мбапе беше во офсајд, а судијата ми рече дека јас со намера ја допрев топката. Што требаше да направам? Да се тргнам од патот, да го оставам Мбапе да помине и да се надеваме дека тогаш ќе биде досуден офсајд? Се чини дека ова се правилата сега“, Рече Гарсија по натпреварот.

Оваа одлука на англиските судии предизвика лавина жестоки критики од шпанската јавност, и јасно е дека Тејлор заедно со неговите помошници фрлија дамка на последниот судир од Лигата на нации.