Connect with us

Фудбал

Шумуликоски се повлече од фудбалската кариера

Поранешниот македонски репрезентативец Величе Шумуликоски одлучи да се повлече од активната фудбалска кариера на 37-годишна возраст. 

Негов последен клуб е Словачко за кој настапуваше од 2013 година.

Тој во богатата меѓународна кариера смени повеќе клубови, но најголемиот успех го постигна во 2008 година кога потпиша за англиски Ипсвич.

Шумуликоски е трет фудбалер по бројот на настапи во македонскиот национален дрес, односно вкупно 84 и беше капитен од 2009 до 2012 година.