Connect with us

Фудбал

Шут-карта за Морено

Шпанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Алберто Морено, пред неколку дена бил информиран дека може да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Офанзивниот бек веќе не крие дека е разочаран од соработката со германскиот стручњак, Јирген Клоп, кој повеќе не верува во неговите квалитети.

Морено на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а најголем интерес за неговите услуги покажа неговиот поранешен клуб, шпанскиот прволигаш Севилја.