Фудбал
Шут-карта за Родригез
Близок извор од таборот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), откри дека клупските челници се едногласни кога е во прашање иднината на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез.
Одличниот играч за врска веќе втора сезона по ред настапува како позајмен играч во дресот на бараскиот гигант кој има право да го откупи неговиот договор на крајот од сезона. Договорот на фудбалерот кој е во сопственост на Реал (М) може да биде откупен за 42 мил. евра, но раководните лица на Баерн (М) дошле до заклучок дека повеќе немаат потреба од услугите на Родригез.