Connect with us

Фудбал

Швајцарија го совлада Камерун, голот за победа фудбалерот не го прослави, а имал добра причина за тоа (ВИДЕО)

Фудбалерите на швајцарската репрезентација го совладаа Камерун со 1:0 (0:0) во групата „Г“ на Светското првенство во Катар.

Можеби Швајцарија беше на хартија фаворит во оваа игра, особено ако се има предвид нивниот индивидуален квалитет, но и формата пред почетокот на натпреварувањето. Камерунците имаат проблем со ефикасноста и повторно тоа беше изразено.

Избраниците на Сонг одиграа добро и офанзивно во првото полувреме, создавајќи шанси главно преку крилата.

Швајцарците беа опасни по своите крила, особено Џердан Шаќири, а на стартот од вториот дел на тој начин се промени резултатот. Премногу простор во централниот дел од теренот беше оставен за Ремо Фрујер, кој ја додаде топката на крилото за Шаќири, кој испрати центаршут по земја за Брил Емболо, кој остана сам на пет метри.

Инаку, Емболо не го прослави голот особено емотивно, бидејќи е роден во главниот град на Камерун, Јаунде, а има корени од таа земја.

Facebook

Реклама