Connect with us

Фудбал

Шведска со пенал ја совлада Јужна Кореја

Шведска со гол од пенал на натпреварот против Јужна Кореја стигна до минимална победа од 1:0 во групата Ф на Светското првенство во Русија.

Натпреварот во Нижи Новогород изобилуваше со прекршоци. Јужна Кореја покажа подобра игра во почетокот, контролирајќи го поседот на топката. Меѓутоа, најсериозната шанса во првиот дел ја имаше Шведска преку Маркус Берг, но голманот на Јужна Кореја Чо Хјун-Ву имаше уште одлична интервенција.

Швеѓаните во второто полувреме доминираа на терен. Во 61-та минута Ким Мин-Ву го фаулираше Виктор Клаесон, а судијата Агиљар по прегледување на снимката од ВАР системот досуди пенал за Шведска.

Капитенот Андреас Гранквист го реализираше пеналот за водство на Шведска од 1:0.

Во оваа група Шведска и Мексико водат со по три бода, а Германија и Јужна Кореја се без бодови.