Фудбал
Сигурни се две шут-карти
Атуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, планира да се ослободи од неколку фудбалери за време на зимскиот преоден рок. Големиот талент, синот на легендарниот напаѓач на Милан и актуелен претседател на Либерија, Џорџ Веа, Тимоти, најверојатно пролетниот дел од сезоната ќе го одработи како позајмен фудбалер во дресот на шкотскиот гигант Селтик.
За разлика од Веа, карта во еден правец треба да добие шпанскиот интернационалец Хесе Родригез и ветеранот Ласана Диара.