Connect with us

Фудбал

Силекс и Работнички во директен дуел за излез во Европа

Силекс е домаќин на Работнички во најинтересниот натпревар од 35.коло на Првата македонска фудбалска лига. Исходот од овој натпревар може да биде пресуден за тоа која екипа покрај Шкендија и Вардар ќе ја претставува Македонија во евро-куповите.

По триумфот против Академија Пандев во минатото коло, Работнички има два бода предност пред кратовскиот.

– Сите во клубот сме свесни од какво значење е овој дуел. Силекс е квалитетен тим и ќе треба да одиграме на врвно ниво, за да ја оствариме нашата цел. Верувам во фудбалерите, тие и досега докажаа дека знаат да одиграат најдобро кога е најпотребно иако на своите плеќи имаат голем притисок. Но, Работнички сака да ја оствари својата цел и сите планови се подредени на нејзино остварување, изјави шефот на стручниот штаб, Ѓоре Јовановски за клупскиот сајт на Работнички.

Натпреварот почнува во 16 часот и 15 минути.

Покрај средбата во Кратово денеска се играат и другите четири дуели од оваа рунда:
Скопје – Победа, 
Пелистер – Шкупи,
Ренова – Шкендија и 
Вардар – Академија Пандев.