Connect with us

Фудбал

Силва го напушта Сити, Гвардиола најде нова ѕвезда од 160 милиони евра!?

Манчестер сити сезонава води голема битка за одбрана на титулата во Премиерлигата, но не им оди најдобро бидејќи Ливерпул игра неверојатно и има седум бодови предност. Сепак, Пеп Гвардиола сака неколку засилувања за да му помогнат во продолжение од сезоната.
Англиските медиуми пишуваат дека Гвардиола сака да го ангажира Филипе Кутињо, кој минатиот јануари од Ливерпул се пресели во Барселона.

Наводно, „Граѓаните“ се подготвени да платат дури 160 милиони евра за Кутињо, односно толку колку што го платија и Каталонците.

Гвардиола го гледа Кутињо како замена за Давид Силва, кој најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти клубот. Сепак, постои мала можност Каталонците да се согласат на таков трансфер.

Sport1.mk