Connect with us

Фудбал

Силва од Милан цел на Севиља

 

Шпанскиот прволигаш Севиља покажува голем интерес за ангажман на фудбалерот на Милан, Андре Силва.

Севиља во 22-годишниот Португалец гледа решение за местото напаѓач.

Силва минатата сезона дојде во Милан од Порто, но не ги исполни очекувањата на раководството и навивачите на „росонерите“.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Милан е подготвен да го ослободи Силва за 20 милиони евра, сума нешто повеќе од половина од 38-те милиони платени за негова преселба на „Сан Сиро“.