Connect with us

Фудбал

Симеоне го шокираше Суарез, ноќната мора на Уругваецот продолжува

Челзи славеше со 2:0 во пресметката со Атлетико Мадрид и ги продолжи натпреварувањата во ЛШ, поточно во четвртфиналето. Неочекуван потег направи синожа тренерот на „Јорганџиите“ Диего Симеоне кога по еден час игра и при негатива од 1:0 го извади Луис Суарез, нивниот најдобар стрелец сезонава. Сепак, можеби и вакво нешто беше за очекување со оглед на тоа дека Уругваецот не покажа ништо на овој меч. Воедно ноќната мора за него продолжува. Статистиката е катастрофална, а таа вели дека на последните 25 меча во ЛШ кои тимот за кој настапувал играл како гостин, Суарез не успеал да го постигне гол. Последен пат Суарез на гостински терен постигнал гол во 2015-та година кога Барселона одигра 1:1 против Рома во Рим.