Фудбал
Симеоне има потреба од напаѓач, се двоуми меѓу три имиња
Диего Симеоне полека преминува во решавање на крстозбор за претстојната сезона.
„Јорганџиите“ минатата година приредија вистинско мало изненадување освојувајќи ја титулата шампион на Шпанија во никогаш повозбудливиот крај на шампионатот на таа земја.
На крајот славеа со 86 бода, два повеќе од второпласираниот Реал и седум повеќе од Барселона.
Една од примарните задачи на главниот тренер на шампионите во Примера е да најде соодветна замена за Луис Суарез во случај Уругваецот да се повреди во текот на сезоната.
Шпанските медиуми пишуваат дека напаѓачот на Хуеска, Рафа Мир е првата желба на Симеоне ова лето. Тој минатата година постигна 13 голови за својот тим, со што го сврте вниманието кон себе.
Атлетико е заинтересиран и за Макси Гомез, уругвајскиот напаѓач од Валенсија.
Тој е 24-годишен фудбалер кој исто така има успешна сезона зад себе. Тој е обврзан со договор со Валенсија до летото 2024 година, а Лилјаците се подготвени да разговараат со „јорганџиите“ за неговиот ангажман.
Според некои информации, Симеоне „фрлил око“ и на Дембеле од Барса, кој се бори со повреди, што претставува голем ризик за него.
Останува да видиме кој од овие тројца ќе го избере темпераментниот аргентински стручњак.