Connect with us

Фудбал

Симон Заза во последен момент ја измами Сампдорија и потпиша за Торино

Контроверзниот италијански напаѓач Симон Заза потпиша за Торино.

Иако веќе се согласил со сите услови со Сампдорија, 27-годишниот напаѓач на Валенсија одлучи да замине во Торино а со тоа изнервира сите навивачи на тимот од Џенова.

Валенсија се согласи на понудата од Сампдорија за 14 милиони евра, дури и репрезентативецот на Италија ги прифати сите услови, но Торино беше вклучен во сè, а Заза одлучи да ја измами Сампдорија и да замине во Торино.

Заза пристигна на едногодишен заем за 2 милиони евра, а на крајот на сезоната, Торино ќе плати 12 милиони долари на Валенсија за да стане негов играч.