Connect with us

Фудбал

Симоне Инзаги нов тренер на Интер!

Поранешниот тренер на Лацио, Симоне Инзаги е нов тренер на милански Интер.

Тој ќе го замени Антонио Конте на клупата, кој успеа да ја прекине долгорочната доминација на Јувентус „на чизмата“ со освојување на Скудетото оваа сезона.

Тој потпиша договор со новиот шампион на две години, а финансиските детали за неговиот договор сè уште не се познати.

Инзаги неодамна го напушти Лацио по пет години откако го замени Стефано Пиоли летото 2016 година, кој сега е на клупата на Милан.

Помалку познатиот од двајцата браќа Инзаги ќе има можност да ги потврди своите тренерски квалитети, кои ги демонстрираше со години во Лацио, со кои освои три трофеи за половина деценија, а во последната сезона играше и во Лигата на шампионите со небесно сините.