Connect with us

Тајмаут

Симпсонови предвидуваат кој ќе игра во финалето на СП во Русија

Симпсонови повторно нешто предвиделе, а овојпат во прашање е финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, кое ќе се одржи на 15 јули. Според нив, во финалето ќе се сретнат Мексико и Португалија. Годината и државата каде што се одржува фиктивното првенство, не се спомнуваат.

Во една од сериите пред 21 година постои најава за првенство во фудбал, по што Барт го прашува таткото Хомер, зошто никогаш не ги водел на фудбалски натпревар. Така, Хомер одлучува да ги одведе сите – Марџ, Барт, Лиса и Меги на натпреварот.

Пред 18 години, Симпсонови, исто така, го предвидоа Доналд Трамп како претседател на САД, што се оствари пред речиси две години, како и тоа дека Фокс ќе го купи Дизни, и дека Лејди Гага ќе пее на Супербол финалето во американско рагби.