Фудбал
Синот на Дидие Дрогба најде клуб во Италија
Исак Дрогба, синот на Дидие, кариерата ќе ја продолжи во Италија.
Исак е роден во Париз во декември 2000 година и играше за младинските екипи на Челси, пред да се пресели во Гeнгамп.
Сега, Фолри Каратезе, тим од италијанската Серија Д, објави дека е постигнат договор со Исак, кој сè уште е на почетокот на својата професионална кариера, но премногу далеку од неговиот татко, кој остави голем белег во светот на фудбалот.
Дидие освои 14 трофеи со Челси, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите и постигна 164 гола на 381 натпревар за овој тим.