Фудбал
Синот на Покетино му ги покажа на Меси справите во теретаната на ПСЖ, а тој не знаеше ни како да ги користи
Лионел Меси ја изненади фудбалската јавност откако ја напушти Барселона на почетокот на август и потпиша двегодишен договор со ПСЖ.
По повеќе од 20 години во Барселона, Меси беше принуден да го напушти каталонскиот клуб бидејќи поради финансиските проблеми на овој клуб, тие едноставно не можеа да му понудат нов договор.
Аргентинецот пристигна од одмор за да ја продолжи соработката, но потоа доби информација дека тоа нема да биде возможно. Меси потоа доби неколку понуди, но одлучи да потпише за ПСЖ.
Меси потпиша двегодишен договор со парижаните и за прв пат играше во дресот на друг клуб, без Барселона.
Во Париз дадоа се од себе за Меси да се чувствува како дома и што побрзо да се прилагоди на новиот клуб. Тие му обезбедија на него и на неговото семејство се што побараа бидејќи нивната цел е да го направат Меси среќен што дојде во ПСЖ.
Нејмар дури му го понуди дресот со број 10 на Меси кој го носи од доаѓањето во ПСЖ, но Меси одби и одлучи да го земе бројот 30 што го носеше кога за првпат играше во дресот на Барселона.
Сите во клубот дадоа се од себе за Меси да се чувствува што е можно подобро, а тука спаѓа и тренерот Маурисио Покетино, со кого имаше многу добри односи од порано. Покетино го покани и својот син Себастијан, кој на Меси му го покажа тренинг центарот на ПСЖ.
Во еден момент, тој отиде во теретаната со Меси и му ги покажа справите што ги имаат, и го советуваше за режимот на тренинг. Но, она што е многу интересно е дека Меси не ни знаел за што се користат некои справи и како се користат.
Барселона ги има истите справи во својата теретана, но едноставно во каталонскиот клуб, никој никогаш не побарал од Меси да ги користи, поради што не беше ни запознаен за што служат.
Меси дојде во ПСЖ многу мотивиран и, според француските медиуми, тренира со полн интензитет и ги прифати советите на фитнес тренерот за тоа каков треба да биде неговиот тренинг режим.
Во ПСЖ, очекуваат овој клуб конечно да ја освои Лигата на шампионите, особено кога имаат неверојатна тројка Меси, Нејмар и Мбапе во нападот. Тоа секако е огромен притисок врз целиот тим, а дали им се исплатеше на парижаните што дадоа толку пари, напор и внимание да го донесат Меси, ќе дознаеме на крајот на сезоната.