Connect with us

Фудбал

Сите играчи во Серија А мораат да бидат вакцинирани

Раководството на Серија А донесе една важна одлука пред новата сезона.

Имено, сите професионални фудбалери, поточно играчите кои играат во Серија А и Серија Б, мора да бидат вакцинирани пред почетокот на новата сезона.

Некои играчи се веќе вакцинирани. Постојат една и две дози, но клубовите ќе треба да му дадат доказ на раководството на лигата дека секој регистриран играч добил две дози вакцина против коронавирус, во спротивно нема да можат да се натпреваруваат за натпревари се додека не го сторат тоа.

Серија А се реши на овој потег откако десет играчи во тимот на Специја беа инфицирани со коронавирус за време на подготовките, а минатата сезона некои натпревари беа преместени и одложени токму поради играчите кои беа позитивни на коронавирусот.

Клубовите ќе треба да ја достават целата потребна документација за вакцинирање на играчи до управата на лигата до 20 август.

Италијанските медиуми пренесуваат и дека челниците на Серија А веруваат дека вакцинацијата конечно би вратила сè во нормала кога станува збор за фудбалот.

Слично на тоа, тие очекува навивачите да земат билети само со доказ за вакцинација, така што тестовите повеќе нема да важат како доказ дека сте негативни за коронавирусот.