Тајмаут
Сите имаат страв од нив: Ова се 10-те најгруби фудбалери во поновата историја- еден од нив заработил двегодишна суспензија!
Фудбалот без оглед на зголемениот број видео камери и дисциплински комисии, сепак остана валкана игра. А овие играчи се најгрубите фудбалери во поновата историја.
Фудбалот секогаш имал голем број „глумци на теренот“, но ги имал и оние „злобни момци“, играчи кои често се тепале, а на тој начин ги иритирале или воодушевувале бројните фанови.
Фудбалерите како Џенаро Гатузо, Били Бремнер или Џои Барто секогаш биле познати по големата агресија, но недостатокот на дисциплина.
Ова е приказна за фудбалери кои баш во агресивниот сегмент биле на соперникот, овие поединци многумина ги нарекуваат „валкани“ играчи.
Погледнете ја листата на највалканите играчи во поновата историја на фудбалот:
10.Луис Суарез
Луис Суарез насловните ги страни ги зазема откако на Светското првенство во 2014 година го гризна дефанзивецот на Италија Џорџо Киелини.
Тој инцидент се случи во двобојот на Италија против Уругвај, а за тој инцидент Суарез мораше да го прескокне стартот на сезоната во новиот клуб.
Но, сепак тоа не беше прво негово гризење во животот, истата работа ја направи два пати пред тоа, играјќи за Ајакс и Ливерпул…
9.Маруан Фелаини
Кој сигурен знак по кој може да познаете дека некој е „валкан“ играч? Чим тој фудбалер во некои интервју порача дека не е „валкан“, како никогаш со ништо не ја поминал границата.
Тоа му се случи на Маруан Фелаини, кој во двојот од Европската лига два пати со лакт ги удираше противничките играчи.
Белгискиот репрезентативец често во воздушните дуели за поминува границата, а покрај тоа и ги провоцира противницете. А тоа судиите ретко го казнуваат.
8.Волкан Демирел
Турскиот голман на теренот имал инциденти со противничките играчи, но и со своите исто.
Искусниот чувар на мрежата секогаш бил најгласниот на теренот, а се чини дека навистина ужива во караниците со соперниците.
Уште на Европското првенство во 2008 година беше еден од јунаците на Турција, а потоа поради удирањето чешкиот напаѓач Јан Колер мораше да го прескокне првиот дуел од нокаут фазата.
Исто така, во домашното првенство играјќи за Фенербахче со колено удри противнички играч, а репрезентацијата ја напушти по дуел со еден навивач.
7.Диего Коста
Францускиот весник „Л’Екип“ уште во 2015 година го прогаси Диего Коста за најантипатичен фудбалер на светот, а тоа никого не го зачуди.
Коста во скоро секој напад има дуел со некого. Најмногу чуди како тоа тој никогаш не беше исклучен во меч од Премиер лигата, но во кариерата има добивано суспензии после разгледувањето на видео снимките.
Посебно кога на ист натпревар намерно ги згази Емре Џан и Мартин Шкртел.
6.Јума Нјосо
Поранешниот фудбалер на Танзанија не е познат низ поголемиот дел на светот, но неговите противници многу добро го имаат запознаено.
Овој дефанзивец во 2015 година како капитен на Мбеј Сити доби двегодишна казна.
Причината? Поради тоа што на својот противник му стави прст во задникој, а тоа претходно го има направено на уште тројца противнички играчи.
Јума Нјосо во еден инцидент изнуди и исклучување, еден од противницет поради тој чин го удри.
5.Гранит Џака
Кога Гранит Џака во првите шест месеци заработи две исклучувања, Арсен Венгер сфати како неговиот фудбалер и не е баш сјаен одзимач на топки.
Во минатите три сезони заработи додатни 9 црвени картони, а поради недостатокот на дисциплина, минатата сезона беше и суспендиран на седум натпревари.
4.Фелипе Мело
Во фудбалот не може да добиете надимак „Питбул“ или „Гладијатор“ ако не се сте навистина агресивен играч.
Фелипе Мело баш на тој начин играше во Европа, со самото тоа тој има многу малку прави фудбалски пријателства.
А во соработка со Гари Медел во Интер, беа вистинска опасност за противниците.
Многумина го паметат неговиот инцидент со Арјен Робен на Светското првенство во 2010 година.
3.Јаник Чахузак
Капитенот на Бастија не е секогаш најдобар пример за своите соиграчи.
Јаник Чахузак често не ги завршува дуелите, доста пати крајот на натпреварот го дочекува во тунел.
Жестокиот играч од средниот ред е 10 пати исклучен во 129 натпревари, а четири пати тоа му се случи минатата сезона.
2.Пепе
Пепе со мадридски Реал освои три трофеи во Лигата на шампионите, со Португалија стана европски првак, но тој најпознат по проблемите со дисцилината.
Португалецот беше еден од најагресивните дефанзивци во шпанската лига, сите паметат како уште во 2012 во дуел со Барселона намерно го прегази Меси.
Но, неговиот напад на Хавиер каскера, беше уште полот, тоа го чинеше и 10 меча суспензија.
1.Најџел Де Јонг
Е овој фудбалер за голем број судии беше многу голем проблем.
Најџел Де Јонг низ кариерата без никакви причини правеше проблеми, се тепаше на сите начини, а тоа многу често го правеше и на теренот.
Ниту со годините не ги смири страстите на терено, три натпревари минатата година доби поради стартот на играч на Портланд Тимберс, Дарлингтон Нагбе.