Фудбал
Сите се виновни, но не и тој: Мурињо покажа со прст кон еден човек по новиот срам
Рома синоќа ремизираше со Бодо/Глимт (2:2) во натпреварот од 4. коло на Конференциската лига.
Рома неодамна загуби во Норвешка со 6:1 од истиот ривал, а сега двапати губеше на „Олимпико“ и на крајот освои само еден бод.
Мурињо збесна, се чини дека го губи теренот, но виновникот за овој неуспех го најде кај судијата.
„Резултатот беше суров кон нас. Не одигравме добро, направивме многу технички грешки. Секогаш кога топката доаѓаше до Веретут или Дарбое, ја губевме. Реалноста е 2:2, но двете ситуации за пенал беа чисти како ден“, изјави Мурињо, сметајќи дека требало да бидат досудени два пенали за Рома.
„Можете да кажете што сакате, но тие имаа два шута кон голот од кои постигнаа два гола. Дадовме и два гола, а двапати не ни беше досудена најстрога казна. Не знам дали има лоши судии во ова натпреварување или оние кои ја започнуваат нивната кариера во Конференциската лига.Во Норвешка не кажав ништо за судиите бидејќи загубивме со 6:1, но сега требаше да добиеме два пенали бидејќи очигледно тоа беа пенали“, додаде Мурињо.
По четири кола „Римјаните“ се втори на табелата со седум бодови, додека Бодо/Глимт има осум. Зад Рома е Зорја со шест, додека на дното од групата Ц е ЦСКА Софија, која има само еден бод.
Рома во следното коло ја пречекува Зорја и со евентуална победа ќе го обезбеди второто место кое води во шеснаесетфиналето на натпреварувањето, додека лидерот во групата се сели директно во четвртфиналето.