Фудбал
Сите велат дека Рибери сака да се врати во Германија, а сега се огласи и тој
Во последниве недели многу се пишуваше дека Франк Рибери сака да ја напушти Фиорентина.
Рибери пристигна во Фиорентина на почетокот на оваа сезона од Баерн како слободен агент, но се појавија многу шпекулации дека тој сака да се врати во германската Бундеслига.
Неговото семејство остана во Минхен и јасно е дека тој не ужива во Фиренца.
Претходните денови се пишуваше дека Рибери се обидува на секој начин да го раскине договорот, но искусниот Французин проговори и ги негираше овие обвинувања.
„Среќен сум во Фиренца и се чувствувам навистина добро. Понекогаш е тешко затоа што сите сме во таква ситуација поради пандемијата, но се справуваме. Дали ќе останам? Треба да го видите тоа со клубот. Јас подготвен сум и сакам да играм“, рече Рибери.