Connect with us

Фудбал

Сите зборуваат за Сане, но и Џонатан има потреба да се огласи: “Тешко ми е, разочаран сум”

Многу ѕвезди кои одат на Светското првенство или кои требаа да одат, се огласуваат на социјални мрежи.

Веруваше дека и Џонатан Tах, дека ќе се најде на списокот на патници за Светското првенство, но Јоаким Лев стави само на поширокиот список.

Овој германски млад фудбалер игра за Баер од 2015 година, а за Германија има одиграно три натпревари.

Тах не беше ни на крајот од мислите на селекторот Јоаким Лев, но некако се чувствуваше “блиску” со репрезентацијата на Германија.

“Се разбира, тешко ми е што не одам на СП, разочаран сум, сепак тоа е она за што сите сонуваат. Меѓутоа, на моите пријатели им посакувам многу среќа во Русија и да знаат дека ќе бидам со нив”, рече Тах.